Од година во година расте бројот на лица кои страдаат од пролетни алергии, велат лекарите. Тие објаснуваат дека алергијата од полен може да се јави во било кој период од животот, а најчесто ги мачи децата и младите.
Бидејќи сувото и сончево време ја зголемува концентрацијата на полен во воздухот во текот на изминатите две недели охридските лекари примиле голем број на пациенти со алергиски симтоми.
-Поради цветањето на пролетните билки и дрвјата, во текот на изминатиот период, голем број родители ги донесоа своите деца поради алергиски реакции. Алергиските симптомите се различни и најчесто се јавуваат во форма на кивавица, кашлање, излачување на поголема количина на слуз од носот, потешкотии со дишењето како и оток или солзење на очите. Исто така алергиите можат да се јават на кожата, во вид на дерматитис, осип и јадеж, вели д-р Никола Филев, специјалист педијатар.
Тој нагласуваат дека за разлика од порано, во последните години значително е зголемен бројот на деца кои страдаат од алергија.
-Алегијата се појавува кај дечињата од најразлична возраст, а имавме случаи на алергиски реакции дури и кај новороденчиња. Освен редовната тарапија за ублажување на симтомите која треба да ја примаат алегичните, за време на цветањето на растенијата и поголемата концентрација на полен, треба да се избегнуваат чести излегувања надвор, кога времето е топло или ветровито, појаснува д-р Филев.
И дел од општите лекари со кои поразговаравме на оваа тема потврдија дека алергиските реакции биле зачестени и кај возрасната популација.
-На оние пациенти на кои симптомите им се многу интезивни задолжително ги испраќаме на алерго-тестирање или ги упатуваме на алерголог. Но бидејќи во алергологот кој работеше во ЈЗУ Општа Болница замина во пензија, Охрид остана без соодветен стручен кадар со оваа специјалност, па охриѓани се принудени да побараат специјалистички преглед во некој од соседните градови, што е навистина проблем, велат дел охридските општи лакари.
Тие потенцираат дека освен алергиите на полен во последно време зачастени се и алергиите на домашната прашина, животинските влакна, мувлата, храната, адитивите од храната и пијалоците, конзервансите, отровите од инсектите, како и од УВ зраците.
Е.М