Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.913, оздравени се 359 пациенти, а починати се 16 лица, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случи има во Скопје – 14, по што следат: Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип – по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од: Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2, Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: осум од Скопје на возраст од 61, 62, 69, 72, 75, 80, 82 и 82 години, две лица од Битола на возраст од 65 и 82 години и по едно лице од Куманово на возраст од 80 години, Струмица 76 години, Охрид 68 години, Гостивар 73 години, Ресен 69 години и Струга 72 години. Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 290 активни случаи.

OhridNews