Утрово минималната температура во Охрид се спушти до 1 степен Целзиусов. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Охрид до 14 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а на места засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната од 5 до 12 степени.

Г.М.