Кожата, лицето и телото воопшто се со најслаб квалитет во пролет. Тоа е затоа што долго сме престојувале во затворени простории, сме биле изложени на сув и топол воздух, па кожата лесно се суши. Циркулацијата, односно дотокот на хранливи материи и кислород до сите клетки е забавен, па со самото тоа побавно е обновувањето на сите слоеви на кожата, растот на косата и ноктите. Затоа во овој период, непходно е на својот организам, а и на кожата да и ги надополните загубените течности, витамини и минерали. Тоа може да го постигнете со агруми, антиоксиданти, млеко и млечни производи поради надокнадување на калциумот.Исто така, дерматолозите советуваат во својата исхрана да користите јајца поради надокнадување на железото, како и свежа зелка.

Природата во овие месеци не ни нуди могу билки за нега. Па затоа треба да се користат кантарионовото, маслиновото и бадемовото масло кои во комбинација со сокот од лимон можат да се користат за нега на кожата со благо нанесување на сите делови од телото. За изгледот на кожата од исклучителна важност се хигиенско-диететските навики:пред се застапеноста на сите оброци (три оброци и две ужинки) и доволен внес на течности (1,5 до 2 литри дневно). Важно е да сте физички активни, најмалку три пати неделно во времетраење од триесет минути.Во исхраната треба да бидат застапени што повеќе цитруси, морков, добро е да се пие црн и зелен чај, чаша црно вино…Сите тие влијаат врз здравјето и убавината на кожата, правејќи ја почиста и поубава. Покрај сето ова, не заборавајте дека без разлика кое годишно време е, квалитетната нега подразбира правилно чистење и хидратизирање.

извор:zenstvena.com