Иако до крајот на зимата има уште речиси еден месец, топлото и пријатно време викендов мирисаше на пролет. Вчера Охрид со 15 степени беше “најстуден“ град во земјава.
пролет во Охрид
Убавото време измами голем број охриѓани на прошетка низ градот. Дел од нив минаа пријатни мигови ловејќи риба во каналот.
викендов “гризеше“
Други пак сончевото време го искористија за тековни поправки на пловилата пред стартот на сезоната на конгресен туризам.
се бојадисуваат бродовите
Во каналот ја затекнавме и оваа интересна слика. Кучиња уживаат во топлото време на бродот „Рибарска вистина“. Да не ти се верува…
“пет брод“
Синоптичарите за денес најавуваат сончево до умерено облачно време со максимална температура до 14 степени. Веќе во вторник ќе биде потопло кога се очекува живата во термометарот да се искачи до 19 степен.
Г. Момироски