Деновиве времето во нашиот град е идеално за прошетки. Тоа го докажуваат и фотографиите кои ги направивме крај езеро, на кејот. Ваков топол јануари не се памети. Постарите луѓе кои ги среќававме во паркот си спомнуваа за некогаш дека било вака топло, ама не можеа точно да се сетат – значи било одамна.
Направивме едно мало статистичко истражување од кое дознавме дека просечната највисока температура во месец јануари 2007 била нешто над 7 степени Со , а средната температура за половина месец е околу 2 Со (податоците не се официјални). Деновите околу Божик и после него беа посебно топли и сончеви.
Додека нам ни одговара вакво време, скијачките центри во Македонија крајно загрижени. На пример, моменталната висина на снегот на Попова Шапка е само 1 (еден) цм. На Пелистер речиси и нема снег.
Неделната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи кажува дека трендот на „пролетни“ температури продолжува до 21-ви, со малку зголемена облачност. За време на следниот викенд се очекуваат температури и до 16 степени.
С. Костоски