Овој јануари беше најтопол од кога се мери температурата во светот. Но, се чини дека и февруари ќе биде исклучително топол и со температури знaчително над просекот за овој период од годината.

Иако го донесе првиот снег во оваа исклучително сушна зима, температурите во февруари во наредните денови повеќе ќе прилегаат на пролет отколку на најстуденото годишно време.

Во недела максималната температура во Охридскиот регион ќе се искачи до 10 степени, а од понеделник таа речиси двојно ќе се зголеми. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, живата во термометрите во понеделник ќе се искачи до 18, а во вторник и до 20 степени Целзиусови. Тоа ќе придонесе за пораст и на минималната температура која во среда во најголем дел од земјата ќе биде во плус.

Доколку се оствари среднорочната прогноза, до 25 февруари не очекуваат релативно топли денови со темтератури до 15 степени.

OhridNews