Ракометарите на Охрид во осмата рунда од Супер лигата гостуваат во Скопје кај составот на Пролет. Мечот ќе се одигра во петок во спортската сала Македонско Сонце.


Еден од најнезгодните противници на Охрид во елитата, Пролет е ривал по мерка за „гладијаторите“ пред репрезентативната пауза која следува.

Охриѓани во пресрет на дербито со Пролет имаат серија од пет мечеви без пораз додека „пролетерите“ покажаа дека можат да бидат тврд орев за екипите во Скопје.

Двојки: Еурофарм Работник – Вардар Јуниор (четврток 15ч), Пролет – Охрид (петок 18ч), Пелистер – Металург 2 (петок 18ч), Прилеп – Борец, Радовиш – Работнички.

Табела: Охрид 16, Пелистер 16, Еурофарм Работник 13, Пролет 13, Прилеп 12, Металург 2 11, Радовиш 10, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.

OhridNews