Стариот должник, најнезгодниот ривал и една од двете екипи кои најдоа начин да го победат охридскиот клуб во првата етапа од Супер лигата, Пролет гостува во СРЦ „Билјанини Извори“ во мечот на сезоната за Ракометниот клуб Охрид во најсилната лига во Македонија.

„Гладијаторите“ со досегашните игри и резултати во Супер лигата се надминаа себеси и очекувањата, а во спој со „Рибарите“ и публиката нишо не е невозможно и тешко. Охриѓани, моментално покажуваат најголема пасија кон ракометот, а натпреварот со Пролет треба да биде шлагот на тортата.

Охридските ракометари со голем пех ќе го започнат дерби натпреварот, бидејќи ќе бидат ослабени со неиграњето на Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески. Но, како што напоменавме „гладијаторите“ ги надминуваат границите и сигурно ќе одиграат со срце и за суспендираните ракометари.

Натпреварот се игра во 19 часот, а денеска сите патишта нека ве водат во СРЦ „Билјанини Извори“.

Напред Охрид !

OhridNews