Составот на Тинекс Пролет нема да биде дел од 48-то издание на Ракометниот турнир во Струга, откако клубот  од засега непознати причини го откажа учеството.

Организаторите експрено ја пополнија празнината после позитивниот одговор од тимот на Еурофарм Пелистер 2 кој е составен од млади и квалитетни ракометари од Македонија.

Планот на организаторите останува ист да се одржи и задржа традицијата на турнирот, а учесници да бидат најдобрите екипи од нашата земја. Учеството покрај вториот тим на битолчани најавија Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Прилеп и домаќинот Струга.

Турнирот ќе се одржи на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ од 12 до 16 август.

OhridNews