Гунар Прокоп во Охрид бил неполн ден, но за тие десетина часа добил впечаток дека организацијата на турнирот, атмосферата, како и соработката на луѓето од организацијата била многу подобра од „централата“ во Скопје.
– Многу „студено“ се однесуваат сите во Скопје, никој со никого не разговара, сè е на повишен тон, нема пријателски забелешки. Тука, во Охрид, сè е многу подобро. Гледам како работите, една екипа, која чиниш е составена од најдобри пријатели. Не ми е јасно зошто е тоа така, можеби дека салата е помала во Охрид, па се чувствува поголема топлина – вели Прокоп.