Една голема куќа на имотот Вајмеринг не успеале да ја продадат на аукција бидејќи важи како една од најпроколнатате куќи во Велика Британија. Се претпоставува дека таа е најстарата куќа во Портсмут, а потребно е и целосно да се преуреди. Се продавала по цена од половина милион долари.
На чуварите преку ноќ им е страв да работат на имотот бидејќи тврдат дека таму има зли духови. Големата куќа од 17 век служела како манастир, семејна куќа и хотел. Луѓето кои спиеле во неа тврдат дека доживеале некој облик на паранормални активности. Некои опишуваат нагло паѓање на температурата, шепот на деца и чудни појави.