За 116 години стариот хотел Пфистер во Милвоки, во кој отседнуваат бејзбол екипите додека гостуваат во Милвоки, некои играчи тврдат дека е проколнат. Слушале необични звуци, Прозорците и вратите се отворале сами, а посебно ги плаши наводна фигура на дух кој шета куче по хотелските ходници.


Играчот на Минесота, Карлос Гомез тврди дека имал трауматично искуство и дека подобро ќе спие во паркот отколку во хотелот. Слушал гласови и неговиот ајпод полудел. Излетал од собата полугол. Менаџерот на хотелот Џо Курт ги потврдил сомнежите дека хотелот е проколнат. На сите гости кои сакаат да искусат необични работи им препорачува да отседнат во стариот дел на хотелот.