Научници од EpiBone, биотехнолошка компанија од Бруклин, тестираат процес на растење на коски од матични клетки земени од масното ткиво на пациентот.

Процесот, покрај матичните клетки, вклучува и компјутерска томографија на коската која треба да се изработи, според која се изработува еден вид на калап во кој се вбризгуваат клетките кои за околу 3 недели созреваат во вистинска коска, спремна за имплантација.

Компанијата тврди дека овој процес е подобар од конвенционалните реконструктивни процедури бидејќи создавање на сосема нова коска е многу по практично и по одржливо отколку сечење на парче коска од еден дел од телото, и нејзино трансплантирање во друг. Научниците се надеваат и дека со оваа процедура на пациентите повеќе нема да им требаат имуносупресивни лекови, бидејќи телото ќе си ја препознае ДНК-та.

Моментално се вршат експерименти врз животни, а за некои 18 месеци треба да почнат и врз луѓе. Целта е ваквиот начин на производство на коски да се појави на пазарот за неколку години, но како и обично, сето ова ќе зависи од побарувањата и дозволите од FDA (Американската федерална управа за храна и лекови).

OhridNews
Извор:„Идивиди“