Убавината на кожата започнува во чинијата, тоа ќе ви го признае секој експерт, па затоа внимавајте што и како јадете, и изгледајте прекрасно и без скапи креми.
Убавината на кожата во најголем дел зависи од храната која ја јадете, а не од скапите креми со некои чудни состојки за кои секогаш се сомневате дека се измислени, бидејќи звучат прилично “кул“. Убавата и младолика кожа останува ако во чинијата нема шеќери и пржена храна, а еве што треба да има задолжително во менито.
Авокадото е полно со добри маснотии, Омега 3 масни киселини кои успешно се борат против оштетената кожа, кршливите нокти и сувата кожа.
Бадемовото млеко е полно со калциум и витамин Е кој ја обновува кожата, а ќе го направите едноставно сами – натопете рака бадеми преку ноќ, наутро извадете ги и сомелете ги во блендер со додавање на малку свежа вода.
Бананите се одличен извор на калиум и витамин Б6 кој вашата кожа ќе ја одржи еластична, додека боровниците ќе завршат одлична работа – ги нарекуваат природен ботокс.
Семките од тиква ќе ги намалат брчките и ќе помогнат во лечењето на лузни со својот висок процент на цинк, додека јагодите се фантастичен извор на антиоксиданти и витамин Е кој ги намалува брчките и го брише заморот од лицето.
За крај, спанаќот – убавата кожа докажано е последица на честа консумација на жолт и зелен лиснат зеленчук.
извор:metro-portal.hr