Пролетниот замор не би требало дополнително да го зголемиме со погрешна прехрана, па овие намирници избегнувајте ги колку што е можно повеќе. Пролетниот замор полека не совладува, а често му помагаме сами со погрешен избор на храна. Така, наместо храната да ни даде дополнителна енергија, всушност ни ја одзема и не прави изморени, а тогаш така и изгледаме.

Да речеме, ако наутро наместо интегрални житарки изедете нешто од пекара, полно со едноставни јаглени хидрати, сол и шеќер, ќе го оштетите колагенот во кожата што за момент ќе ви донесе неколку години повеќе на изгледот. Ништо подобар избор не е ни крофната која, преполна со шеќер и пржена во длабоко масло е вистинска калориска бомба со минимална хранлива корист.

Солта го дехидрира организмот, па обидете се во секој случај да го намалите внесот за да не ви се исуши кожата и да ве направи да изгледате многу поизморено отколку што навистина сте. На лошиот изглед ќе му придонесат и бомбоните, како и алкохолот, кој исто така ќе ја засили дехидрацијата.

Масната пржена храна во било кој облик ќе ви ги запуши артериите, па ќе изгледате безволно и изморено, а еднакво лошо делуваат и зачините преполни со конзерванси како што се различните маринади и сосови од продавниците.

 

извор: metro-portal.hr