Здравата храна не мора да биде скапа и егзотична. Постои многу едноставна храна која нема да ве чини многу пари, а се наоѓа во секој супермаркет. Овие се петте супер производи кои мора да ги имате дома.
1. Кефир
Богат е со протеини, а има многу помалку шеќер отколку другите млечни производи. Го зајакнува имунитетот и штити од рак на цревата па може да го конзумирате како млечен оброк, додаток во месо, компири или во салатите.
2. Боровница
Дури и смрзнатите боровници се многу добар додаток во храна бидејќи се полни со антиоксиданси и витамин Ц и позитивно делуваат на крвотокот, а освен што се добри за здравјето, се познати и како еден од најдобрите природни третмани против стареење.
3. Сардина
Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во сардините го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, артритис, Алцхајмерова болест, а исто така го подобруваат помнењето и брзото растење на косата. Пожелно е да се конзумираат два пати неделно.
4. Брокула
Овој нискокалоричен и вкусен зеленчук е прав шампион меѓу производите. Брокулата е полна со антиоксиданти и витамини А и Ц. Овој зеленчук е многу добар алат во борбата против тумор и срцеви заболувања.
5. Банани
Ги бие „лош глас“ поради калориите кои ги соддржат, но стручњаците тврдат дека бананите се исклучително здрави. Помагаат во контролирањето на високиот притисок поради витаминот Б6, а исто така ја прават кожата да биде уште поубава и помека. Помагаат за зацврстување на ноктите, косата и коските. Во краток рок на телото му даваат енергија, па можат целосно да заменат доручекот.
OhridNews