Британската компанија Тумбс произвела тоалетна хартија која свети во темно. Била направена од Даниел Блекмен, а содржи хемикалија која по изложувањето на светлина може да свети. Необичниот изум најмногу ќе биде од корист на оние кои не палат светло кога одат во тоалет.


Нема да се грижат ниту посетителите на големите фестивали, како и туристите кои имаат навика да кампуваат во природа. Светлечката тоалетна хартија може да се купи преку интернет.