Американската пивара „Blue Moon Brewing“ произвела хибрид на пиво и вино кој се пакува во вински шишиња и се сервира во класични вински чаши. Таа необична комбинација, како што пренеле медиумите, засега има две основни варијанти, првата се вика „проксимити“ и настанала со мешање на пченично пиво и сок од грозјето совињон блан, а втората е „импалс“ и се добива со мешање на пченично пиво, но со сок од горзјето каберне совињон.

Оние кои ги пробале, велат дека повеќе потсетува на вино, веројатно поради тоа што пиво содржлео процентуално многу помалку, иако пијалокот е пенлив, што е особина карактеристична за пивото. Содржината на алкохол изнесува 8,5 проценти.