По сирењето со пиперки и други зеленчуци сега на пазарот пристигна и сирење со марихуана, под името Принцот Кана. За комбинацијата која ќе ги оствари соништата на оние луѓе кои обожаваат и сирење и марихуана заслужни се готвачи од Швајцарија кои го препорачуваат специфичниот вкус на сите луѓе.


Рецептот бил подготвуван пет години и од него не се добиваат халуцинации. Аромата е добиена со мелени листови на марихуана и нејзините есенцијални масла, а производот не ја содржи психотропната супстанција ТХЦ. Сирењето ќе биде пуштено во продажба во Швајцарија, а се бара дозвола за извоз во Русија иостанатите европски земји.