Холандските производители на пиво произвеле пиво за кучиња. Безалкохолното пиво содржи екстракти на говедско месо и слад за да се задржи пивскиот вкус и аромата која ја сакаат кучињата. Портпаролот на производителот изјавил дека за големите кучиња препорачуваат едно шише на ден, додека за помалите раси како чивавите помали количини.


Пивото овој месец се нашло на полиците во маркетите во Полска. Пивото го пробало кучето на Виктор Пиотровски кој рекол дека неговиот најдобар пријател уживал во него. На шега изјавил дека отсега со своето куче по прошетката ќе може да сврати во некој бар на пиво.