Мексиканската пивара „Минерва“ почнала да произведува нови видови пиво, наменети првенствено на геј популацијата ширум светот. Пивото има благ вкус на мед, а на етикетата има симболи со очигледни асоцијации на признавање на симболите на хомосексуалните движења.
Етикетите од шишињата лесно се вадат и можат да се залепат на облеката како симбол на хомосексуалната гордост. Една врста од пивото е нарачена „Purple Hand“, што е идентично на името на организацијата која се борела за правата на сексуалните малцинства во Сан Франциско во 1969 година. Оваа врста пиво веќе се продава во баровите и продавниците во Мексико Сити, Гвадалхара, како и пристаништата Пуерто Валарта и Лос Кабос. Освен тоа, произведителите веќе добиле нарачки од САД и некои латниноамерикански земји