Водечкиот швајцарски научен институт објави дека неговите експерти успеале да добијат висококвалитетни текстилни влакна од животински отпад. Новиот производ, претставен како револуционерен, би требало во иднина да ја намали зависноста од синтетички материјали. швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих соопшти дека влакната кои ги произвеле доктор Филип Штосел и неговите колеги, според квалитетот можат да се мерат со мерино волната, една од најценетите врсти волна која се користи за израборка на најфини парчиња облека. Според институтот, годишно на пазарот се наоѓаат близу 70 милиони тони влакна, од кои речиси две третини се произведени од необновливи суровини, како нафта и природен гас.

 

Најчесто користените природни влакна, волна и памук, се почесто се заменуваат со ефтини синтетички влакна. Модело на Штосел се состои во користење на отпадот кој обично може да се најде во кланиците. Како што пренесуваат агенциите, овој 28-годишен истражувач успеал да произведе влакна комбинирајќи органски разтворувач изопропил со загреан желатин добиен врз база на кожа, коски и тетиви на убиени животни. Од така направената маса, Штосел произвел висококвалитетни влакна кои би можеле да бидат дополнително подобрени со дополнителни адитиви. Меѓутоа, швајцарскиот научник се соочува со неколку проблеми како шти е потребата влакното да се направи водоотпорно, но и недостатокот на средства за продолжување на истражувањето.