На полиците по продавниците во Шкотска оваа седмица би требало да се појават виолетовите компири наречени „Виолетовото величество“. Наводно се многу похранливи од обичните компири и содржат до десет пати повеќе антиоксиданси. Производителот Алберт Бартлет две години на суд се обидувал да докаже дека компирот не е генетски модифициран и најпосле добил дозвола за негова продажба.


Компирот го одгледува во Пертшир во Шкотска. Овој компир бил развиен на универзитетот во Колорадо. Компирите својата боја ја добиле поради природниот пигмент антицијанин. Важно е дека антиоксидансите остануваат во компирот и по неговото варење.