Холандската компанија „E-Njoint BV“ го произвела првиот електронски џоинт. Според медиумите, станува збор за производ за еднократна употреба, а наменет е за забави, кафулиња и клубови. Дневно се произведуваат 10 илјади парчиња и тоа во Кина, но засега електронскиот џоинт може да се купи само во Холандија, а по нешто и во Белгија и Франција. Според дизајнот е сличен на вистинскиот, но е-џоинтот е потполно легален бидејќи не ја содржи психотроната супстанција THC, а не содржи ни тутун и никотин. Се продава по цена од околу девет евра во шест различни овошни мириси, лубеница, зелено јаболко, цреша итн.
Некои од моделите се направени така што корисникот може самиот во нив да стави течен канабис. Во преговори се и со израелската компанија Тикум Олам, која се занимава со одгледување индустриска марихуана, како електронскиот џоинт би станал медицинско помагало. Холандија е позната како толерантна и либерална земја, кога се лесните дроги во прашање, а воведувањето на овој нов производ претставува јасна порака, се е во ред додека не им сметате и не ги загрозувате другите и останувате во рамките на законот.