Во САД, по угледот на „Ајфон“ и „Ајпед“, бил произведен и „Ајгрејв“, прв електронски систем кој помагал, како што велат производителите, да не се лута по гробиштата и полесно да се доаѓа до гробовите на блиските. Овој прв експериментален систем бил инсталиран во градот Лафајет во Индијана, на чии гробишта на секој гроб бил ставен по еден GPS кој емитирал сигнал кон друг апарат кој се наоѓал во управата на гробиштата и кон оној кој се наоѓал кај членовите на семејството на покојникот.

Новиот систем бил толку „паметен“, што не било потребно да се знае името и презимето на починатите како би се пронашле нивните гробови. Чипот на апаратот пренесувал сигнал на длабочина до две метри и ќе биде многу корисен за пронаѓањето на гробовите, посебно на оние кои не биле посетени подолг временски период.