Американската компанија Терафугија најавила дека во 2011 година ќе започне со сериско производство на автомобил кој може да лета. Најновите тестови покажале дека авиомобилот може да лета околу 700 километри со брзина од 185 километри на час, а на патиштата достигнува брзина од 70 километри на час.
Авиомобилот може да се паркира на секое паркинг место во градот, а можете да го резервирате уште од сега за 10 илјади долари. Наводно продажната цена на авиомобилот ќе биде 185 илјади долари. Преобразбата од авиомобил во обичен автомобил трае само 30 секунди. Сега е вистинско време за регулирање на сообраќајот на небото.