Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене зборуваше за напредокот на преговорите за трансферот на играчот од средниот ред Пол Погба.
Преговорите напредуваат. Овој договор ќе биде клучен за Јувентус, вклучително и од комерцијална гледна точка, изјави Аривабене во интервју за „Тутоспорт“.
Погба веќе играше за Јувентус од август 2012 до август 2016 година, по што се пресели во Манчестер јунајтед.
Дваесет и деветгодишниот Французин ќе го напушти англискиот клуб. На 1 јули играчот и официјално ќе стане слободен играч. Претходно беше објавено дека голема е веројатноста Погба да потпише договор со Јувентус на четири години.
OhridNews