Тимот на доктори на Cryo-Save и претставници на првите две семејства во Македонија што добија бесплатно семејно зачувување на матични клетки, денеска ќе го презентираат проектот со цел да го споделат своето искуство со останатите идни родители.
Како што истакнуваат од Cryo-Save, интензивниот развој на медицината во областа на матичните клетки, вроди со зголемена свест за придобивките од долгорочното зачувување на матичните клетки, добиени од папочната врвца при раѓањето.
Македонија е една од 38-те земји во светот, во која веќе четврта година се достапни услугите на Cryo-Save, првата и најголема банка за чување на матични клетки во Европа. Со цел да им помогне на семејствата од Македонија, кои имаат член (прво колено) кому му е дијагностицирана болест опасна по живот, а која може да биде третирана со матични клетки, Cryo-Save започна програма за бесплатно семејно зачувување на матични клетки од папочна врвца.
Cryo-Save Македонија досега има реализирано донации за две семејства со деца со сериозни заболувања и активно продолжува со хуманата програма за зачувување на матични клетки без никаков надомест за семејства на кои третманот со матични клетки навистина може да им помогне.
Извор:Макфакс