Израелските компјутерски експерти заедно со експерти кои ја проучуваат Библијата креираа на универзитетот во Тел Авив посебна врста на алгоритам, кој би требало да разјасни дали сите делови од светата книга се напишани од ист автор.
Многумина веруваат дека првите пет книги од Библијата ги пишувал Мојсије, но одредени експерти се уверени дека текстот е напишан од повеќе автори.
Алгоритамот се очекува со голема веројатност да покаже дали одреден дел од текстот е пишуван од иста личност или се менувале повеќе автори.
Експертите предводени од професорот Хану Дершович извршија тестирање на софтверот на тој начин што измешаа пасуси од две стари еврејски книги и побараа од софтверот да ги сортира.
Програмата успеа сортирањето да го изврши со прецисност од 99 отсто.
извор: „Макфакс“