Актерката Мила Кунис и нејзиниот сопруг Ештон Качер ја забарикадирале својата била во Лос Анџелес, додека полицијата не го најде Стјуарт Дан. Полицијата распишала потерница и го предупредила овој славен пар посебно внимание да обрне ја својата ќерка.
Дан два пати бил осудуван поради следење, малтретирање и психичко злоставување. Пред две години добил забрана за приоѓање на актерката, но после провалата во нејзината куќа и тркалањето по креветот на актерката, бил уапсен. Судијата заклучил дека Стјуарт Дан има психички проблеми и дека местото му е во болница, а токму од таа болница сега побегна.