Студентка од универзитетот во Вухан, Кина, итно е хоспитализирана откако поради шега на своите колеги проголтала метална лажица додека јадела сладолед. Студентката јадела сладолед кога колегите од групата одненадеш ја турнале. Таа тогаш вреснала, па случајно проголатала лажица долга 14 сантиметри, која завршила во нејзиниот стомак.

 

Шокираните колеги веднаш ја однеле во болница, иако таа била сигурна дека тоа не е неопходно, бидејќи се чувствувала добро. Лекарите на рендгенската снимка ја виделе лажицата, која со помош на специјален инструмент ја извлекле низ нејзиниот врат. Немало внатрешно крварење, а девојката се чувствува потполно добро.