Полицијата во канадскиот град Онтарио најавила дека човекот кој проголтал дијамант вреден 20 илјади долари ќе го држи во притвор колку што ќе биде потребно додека не излезе доказот. Како што пренеле медиумите, минала речиси една седмица откако Ричард Мекензи Матјуз бил обвинет дека во една златара го заменил дијамантот со копија, а вистинскиот го проголтал.

Матјуз е во притвор каде полицијата чека дијамантот од 1,7 карати да мине низ неговиот систем за варење. Полицијата соопштила дека Матјуз соработувал и дека веќе неколку пати бил во тоалет, но сеуште немало резултати. Навеле дека му даваат храна по негов избор во надеж дека случајот наскоро ќе биде решен.