Исчезнат дијамант вреден 12 илјади евра бил пронајден во стомакот на осомничениот за неговата кражба, соопштила шпанската полиција. Кражбата ја пријавил еден британски турист кој на полицијата и раскажал како неговата чанта со дијамантот била украдена од двајца убаво облечени мажи при влегувањето во еден ресторан на плажата во летувалиштето Марбела.
Полицијата подоцна сопрела еден автомобил со четири лица со криминално досие и ја пронашла украдената чанта. Полицајците забележале кога еден од крадците ја ставил раката на устата, како нешто да крие. Веднаш бил одведен во болница каде рендген снимката покажала дека во неговиот желудник има дијамант.