Триесетиедногодишниот Кајн Хултгре, познат по уметничкото име Вселенски каубоец, го срушил светскиот рекорд од 2008 година, проголтувајќи во текот на една улична претстава во центарот на Сиднеј 18 мечеви, секој со должина од 72 сантиметри.
Откако го поставил новиот гинисов рекорд им се заблагодарил на сите и рекол дека е пресреќен затоа што успеал во својата цел. Овој австралиски уличен уметник започнал да вежба со мечеви кога имал само 16 години, користејќи се со разни методи за изведување на уметнички точки.