Швајцарците објавиле шокантна рентгенска снимка на која се гледаат проголтаните кондоми полни со кокаин. Цариниците уапсиле еден нигериец кој во себе носел дури 1,7 килограми кокаин. Дрогата била во 123 кондоми кои ги ставил во восок за да може полесно да ги проголта.
Во автомобилот имало шест патници, а четворица од нив проголтале вкупно три килограми дрога. Портпаролот на женевската царина Мишел Бачар рекол дека ова откритие било неверојатно. Само минатата седмица уапсиле девет луѓе кои на сличен начин се обидувале да внесат дрога во земјата.