Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најдобрите во овој спорт ќе ги прогласи во февруари годинава.

Годинава се слави 60 години од постоењето на РФМ, а оттаму додаваат дека планираат да поделат само признанија и награди за најзаслужните.

Годината што измина го понесе епитетот година на ракометот. Македонија беше домаќин на две големи ракометни натпреварувања во женска конкуренција. СП за јуниорки и ЕП за сениорки.

Женската ракометна репрезентација се пласираше на седмото место на ЕП,а македонската машка ракометна репрезентација по пазуа од десет години се врати на големите натпреварувања.

Од 16 Јануари до 1 Февруари Македонија ќе биде дел од Мундијалот кој ќе се игра во Хрватска.

Ohridnews