Во текот на изминатиот викенд 17-18 Септември се одржа Охрид Ултра-Треил®, меѓународен спортски настан во природа, во рамките на Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќаше 4 трки со дистанци од 107км, 66км, 40км и 20км. Стартуваа 269 натпреварувачи oд 20 земји, а беа вклучено преку 60 волонтери во самата организација.

Настанот помина во одлична атмосфера и со голем успех и покрај големите предизвици кои беа предизвикани од временските услови кои во даден момент се влошија во високите делови на планината. Сите победници кои беа прогласени денес во центарот на Охрид во славеничка атмосфера добија медал, беа поздравени од организаторите и поддржувачите на трката – заедно со скромен пакет награди за да го одбележи нивниот успех, велат организаторите.

Трката која е носител на настанот – Охрид Ултра-Треил® е долга 107 км со 5,000 метри и на истата стартуваа 35 натпреварувачи. Интересен факт од подиумот е дека второто место во машка категорија е поделено меѓу Томаш Кик и Иван Радев кои по своја иницијатива финишираа заедно.

Победниците на оваа трка се:

Во машка категорија:
Константинос Џианопулос (ГР) Прво место 11ч 04мин 11сек
Томаш Кик (СК) Второ место (споделено) 13ч 27мин 24сек
Иван Радев (МКД) Второ место (споделено) 13ч 27мин 24сек
Во женска категорија:
Ана Куприевска (ПОЛ) Прво место 17ч 17мин 02сек
Сања Николовска – Најдовски (МКД) Второ место 17ч 37мин 21сек
Ерида Куршумлија (КОС) Трето место 18ч 45мин 13сек

Во втората планинска трка „Галичица Ултра“ 66 км со 3,350 метри искачување, би сакале да ја нагласиме неверојатната трета позиција во генералниот пласман на Варвара Шиканова (РУС) која убедливо ја освои својата категорија и истрча одлично време (7ч 23мин):

Во машка категорија:
Дејан Ангелоски (МКД) Прво место 6ч 09мин 09сек
Даниел Крстовиќ – Опара (ХРВ) Второ место 6ч 59мин 38сек
Александар Кирковски (МКД) Трето место 7ч 31мин 41сек
Во женска категорија:
Варвара Шиканова (РУС) Прво место (трета во генерален пласман) 7ч 23мин 35сек
Мартина Милева – Јовановска (МКД) Второ место (споделено) 9ч 47мин 27сек
Радмина Јованова (МКД) Второ место (споделено) 9ч 47мин 27сек

Третата трка „Самотска Треил“ е во должина од 40км со 2000 метри искачување и го има следниот подиум:

Во машка категорија
Пжемислав Гурак (ПОЛ) Прво место 4ч 28мин 17сек
Члирим Сахити (КОС) Второ место 4ч 41мин 18сек

Александар Војнески – Еленин (МКД), Златко Карчески (МКД) Трето место (споделено) 4ч 53мин 53сек

Во женска категорија
Зринка Деур (ХРВ) Прво место 5ч 25мин 48сек
Лидија Радуловиќ (СРБ) Второ место 5ч 41мин 44сек
Албулена Харадинај (КОС) Трето место 5ч 56мин 17сек

Последната и најмала трка „Летница Треил“ е со 20км и 1000 метри искачување и го има следниот подиум:

Во машка категорија
Џастин Фриман (МКД) Прво место 2ч 05мин 46сек
Марко Џуричиќ (МКД) Второ место 2ч 07мин 16сек
Евгениј Попов (БУГ) Трето место 2ч 07мин 30сек
Во женска категорија
Талија Петреска (МКД) Прво место 2ч 42мин 02сек
Ивана Настовска (МКД) Второ место 3ч 02мин 51мин
Маре Србиновска (МКД) Трето место 3ч 27мин 33сек

OhridNews