Собранието на првата пленарна седница во полн состав ја изгласа пратеничката Рената Тренеска-Дескоска за потпретседател на Собранието.

Дескоска беше избрана со 86 гласа „за“ и еден „против“. За претседателка на Националниот совет за евроинтеграции е избрана пратеничката на СДСМ, Лидија Димова.

Пред пратениците Дескоска ја претстави, Горан Мисовски од НСДП и истакна дека нивниот предлог е за личност која е професор на правниот факултет и е високо почитувана во општеството.

Враќањето на опозицијата во Собранието е дел од договорот од Пржино од 15 јули.

До 15 септември треба да се избере специјален јавен обвинител кој треба да ги истражува прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата, како и делата за кои е осомничен лидерот на СДСМ.

OhridNews