Со 408 гласови од 519 делегати професорката Гордана Силјановска Давкова е избрана за кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ на конвенцијата на партијата што денеска се одржа во Струга.
-Заевизмот не е само авторитаризам, заевизмот е ментална матрица: „Кажувам заборавам негирам“. – рече Гордана Силјановска, во својот говор.
Taa истакна дека претседателските избори се вистинска шанса да се урне „хибридниот режим“ и порача дека бојкот на претседателските избори не е решение, затоа што власта ќе добие в.д. претседател, а потоа и ќе изгласа закон со кој шефот на државата би се бирал во Собранието.
Силјановска е првиот официјален кандидат за претседател на државата на претстојните избори што ќе се одржат на 21 април.