Професорката по математика м-р Габриела Лабоска Пинто од Образовниот центар „Абакус“ – Охрид, е избрана помеѓу десетте најдобри магистри од целиот свет од страна на Универзитетот во Чикаго, САД, кој по извршените тестирања и додели целосна стипендија за докторски студии по математика, на кои заминува наскоро.

Универзитетот во Чикаго ( University of Chicago) е приватен универзитет во САД основан во 1890г. од Џон Д. Рокфелер. Тој е рангиран меѓу најдобрите 10 во светот по најразлични критериуми, од кои најважна е истражувачката дејност. Универзитетот има многубројни награди на таа основа, вклучувајки и 97 Нобелови награди, со што е на 4 место во светот, како и неколку Филдс медали, што се даваат во отсуство на Нобелова награда по математика. Се смета за еден од најстрогите факултети во светот, каде од студентите се очекува максимална посветеност во секое време.

Стипендијата на младата професорка Пинто е потврда на високиот индивидуален квалитет, но и потврда на квалитетот на Образовниот центар „Абакус“ – Охрид кој посветува исклучително внимание на кадарот кој работи на образование и наградба на знаењата на младите.

Традиционално на крај од школската година, Образовниот центар „Абакус“ организираше завршна прослава за матуранти од генерацијата 2017/2018. Годинава место за дружба беше лаунџ барот „Ноа“ .

-Се надеваме дека ќе бидеме мотив и поттик за идните образовни чекори на матурантите, на кои им посакуваме успех, многу знаење и високи дипломи од најреномираните инуверзитети кај нас и во светот. – порачаа од Образовниот центар „Абакус“.

OhridNews