Професорката по англиски јазик Леонора Рустамова (39) е суспендирана поради својата книга на Интернет за сексуалните фантазии на учениците кон неа, користејќи ги нивните вистински имиња. Во книгата зборува и за дилање дрога и алкохолизирање на учениците. Вели дека книгата ја напишала за да ги поттикне учениците да читаат.


Меѓутоа училишниот одбор ја отпуштил професорката иако 250 ученици бурно протестирале против нејзиниот отказ. Синдикалниот претставник изјавил дека учителката ќе зажали. Многу ќе им недостасува на учениците. Била навистина одлична професорка, според родителите на учениците.