Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски од Факултетот за туризам и угостителство Охрид (ФТУ) заедно со професорот Мирко Крафт од Универзитетот за применети науки во Кобург беа дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија.
Во рамките на проектот нашите професори имаа еднонеделна посета на Универзитетот за применети науки во Кобург, Германија каде остварија состаноци со претседателот на Асоцијацијата за научни истражувања во осигурувањето во Германија (DWfVW), г-динот Волфганг Вејлер, и еден од раководителите на Центарот за регулатива во осигурувањето во Германија, г-динот Хелмут Грундл, информираат од ФТУ Охрид.
Дополнително, додаваат професорите одржале предавања за студентите на универзитетот во Кобург за како осигурителниот бизнис може да придонесе кон одржливиот развој.
Професорите учествуваа на реномираната годишна конференција на Европскиот регулатор за пензии и осигурување (EIOPA) во Франкфурт која претставува уникатно место за размена на мислења за политиките во пензискиот и осигурителниот бизнис во Европа помеѓу регулаторите, супервизорите, осигурителниот бизнис и академијата, потенцираат од ФТУ Охрид.
OhridNews