“Односот помеѓу учениците и професорите” е тема на отворената трибина што денеска на пладне ќе се одржи во Центарот за  култура „Григор Прличев“.

 Учество ќе земат професори од средните училишта од градот и претставници на Средношколската унија на Охрид, а присутните ќе имаат можност да се вклучат во дебатата со свои прашања.

Целта на трибината е да се подобри комуникацијата помеѓу професорите и учениците.

OhridNews