Дека тестовите за запишување на факултет претставуваат голем проблем за учениците не е никаква тајна, но големо изненадување било тоа дека тие претставувале нерешлива енигма за 80 проценти од професорите во Тајван, кои не успеале да ги положат. Налоши резултати професорите имале на тестовите по информатика, математика и природни науки.


Министерството за образование објавило дека дури 88 проценти паднале на тестот по информатика, 84 проценти по математика, 86 проценти по биологија и 71 процент по физика. Министерот за образование запрашал како може да очекуваат тестовите да ги положат учениците, кога тоа не го можат ниту професорите.