Попладнево, во хотелот Ривиера ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат објавени имињата на доктори, актери, спортисти, професори од Охрид кои се приклучуваат кон Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Граѓанското движење за одбрана на Македонија беше формирано минатата недела од група интелектуалци, меѓу кои професорката Ачковска, писателот Димитров, актерот Љутков, синдикалниот лидер Дојчин Цветановски, лидерот на пензионери Драги Аргировски, музичарот Гиш, деканот на ФИНКИ Трајанов, глумците Тони Михајловски, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчески и други јавни личности.
Како што при тоа беше кажано, тие застануваат во одбраната на граѓанскиот интерес и жестоко се спротивставуваат на вмешувањето на странки служби во домашните работи.
OhridNews