Професор во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ е позитивен на коронавирус, потврди за OhridNews директорката Весна Цветкоска.
Во консултација со Центар за јавно здравје трите класа со коишто последно имал час во понеделникот и вторникот одат во изолација 14 дена и ќе следат настава онлајн, вели Цветкоска
Сите професори се вакцинирани и во консултација со епидемиолошка служба нема потреба никој друг да оди во изолација, а наставата за останатите ученици ќе продолжи со физичко присуство.
Од учениците кои се во изолација никој нема развиено симптоми. Како што информира Цветкоска, тие на часовите според протоколите постојано се со маска и немаат директен контакт со професорите, но од превентивни причини ќе бидат изолирани.
К.А.