Чекањето во долги редови е дел од секојдневниот живот, а во Украина обично пред секоја владина канцеларија чекаат по стотина луѓе. Младиот бизнисмен Андреи Матишевиц се досетил како да заработи пари и вработил професионални „чекачи“ во редови.


Нивните услуги ги нуди на сите кои не сакаат да стојат во редовите. Игор, еден од вработените, веќе два месеци работи како професионален чекач. Рекол дека на високите температури подобра опција е да платите некој да чека наместо вас. Тие обично се платени по околу пет евра на час.