На пригодна свеченост која ќе се одржи во четврток на 1-ви октомври, новиот ректорски состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола ќе го преземе мандатот за наредните четири години.
Нов ректор на УКЛО е проф. д-р Сашо Коруновски, кој на функцијата беше избран во мај, а доаѓа од местото декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Коруновски доаѓа на местото на проф. д-р Златко Жоглев кој на ректорската позиција се задржа два мандади.
Во новиот состав на Ректоратот се и четворица проректори: проф. д-р Марјан Ангелески – за настава, проф. д-р Елизабета Бахтовска – за наука, проф. д-р Виолета Маневска – за студентски прашања и проф. д-р Светлана Николоска – за финансии и развој.
OhridNews