Во време на силна, понекогаш и нелојална конкуренција и турбулентни времиња,особено  задоволен и горд сум што нашата образовна институција успеа да се одржи на самиот врв на интересот кај нашите студенти, вели неодамна реизбраниот декан на Факултетот за туризам и угостителство, проф. Д- р Сашо Коруноски, зборувајќи за постигнатите резултати во текот на неговиот прв мандат кој истекува.

Исполнатите квоти на почетокот на секоја студиска година, според Коруноски, се резултат на заложбите на наставниот кадар и низата новини кои постојано се воведуваат .

При секој циклус на запишување на студенти ние размислуваме што е она актуелно што ние треба да го внесеме во нашите студиски програми. Единствени сме во Македонија како образовна институција која нуди докторати по Болоња од областа на туризмот. Како човек повеќе ја сакам еволуцијата, а не револуцијата. Еволуцијата е одржлива, а после една револуција наеднаш останува празен простор. Факултетот постои 44 години и не сакаме да правиме радикални промени кои можеби би придонеле наеднаш да го снема интересот на студентите за овој факултет, потенцира професор Коруноски.

Првиот човек на ФТУ задоволен од улогата која ја има институцијата при развојот на туризмот во Охрид и уважувањето на нивниот став при носењето на значајни одлуки за иднината на градот.

Ако нашето мислење не се почитува ние сме виновни, значи не сме успеале да го наметнеме нашиот став. Во тој дел почнуваме да сме поагресивни , сакаме да покажеме дека знаеме и дека освен  теоретско, имаме и практично знаење. Веќе почнуваат да не забележуваат и низ разни форми да не канат и го слушаат нашето мислење, како што е изградбата на скијачкиот центар на Галичица. Присутни сме во стручни тела во локалната  самоуправа каде не се срамиме да го кажеме нашиот став, дури и кога е спротивен од ставот на останатите . Сакаме да бидеме активен субјект во развојот на Охрид, вели професор Коруноски.

Меѓу приоритетните задачи кои пред себе си ги поставува деканот Коруноски во текот на вториот мандат е, заедно со наставниот кадар, да се подигне свеста на студентите за значењето од познавањето на странски јазици.  

Познавањето на странски јазици е важен сегмент кога станува збор за туризмот. Целта е во идниот период да се зголеми меѓународната активност на факултетот, што значи поголема подвижност на студентите. Еразмус плус програмата дава многу можности. Имаме склчуено договр со десеттина факултети во странство и се трудиме да ги поттикнеме студентите да не се плашат да заминат , бидејќи еден семестар во странска образовна институција знчи многу . Ако не веруваме дека нашите студенти поседуваат знаење нема да ги праќаме. Но, морам да признам дека познавањето на странски јазик е проблем, вели деканот на ФТУ.

Професор Коруноски неодамна беше резибран за декан на ФТУ, при што ја доби довербата од страна на Наставно- научниот совет и сенатот. Новиот четиригодишен мандат ќе го започне на 7 јули.

Тања Кувенџиска